x-default

ПЛИВА

ПЛИВА на пазарот во Република Македонија е присутна веќе 35 години, прво како претставништво, а потоа во 1993 година го основа трговското друштво Плива Скопје д.о.о. со седиште во Скопје, чија основна дејност е снабдување на македонскиот пазар со Пливини и Тевини лекови. Освен продажба, ПЛИВА Скопје има и сопствен магацин од кој производите се дистрибуираат до локалните веледрогерии.

Со над 90 години успешно фармацевтско работење, денес ПЛИВА е членка на ТЕВА групацијата, една од најголемите фармацевтски компании во светот која работи во повеќе од 60 земји. ТЕВА групацијата се занимава со развој, производство и продажба на генерички и иновативни лекови и активни фармацевтски супстанции.

Производното портфолио на ПЛИВА вклучува голем број на готови облици на лекови за скоро сите терапевтски групи и активни фармацевтски супстанции. Фокусирана на развој на генерички и лекови со ограничена конкуренција на пазарот, ПЛИВА има најширока палета на генерички лекови во Средна и Источна Европа.

Благодарение на одобренијата од Американската Управа за храна и лекови (FDA), Британската Агенција за лекови и медицински производи (MHRA) и други релевантни европски агенции, ПЛИВА е класифицирана меѓу производителите кои ги исполнуваат светските стандарди за квалитет потребни за глобалниот пазар.

Своите досегашни успеси и денешниот статус, ПЛИВА во голема мерка го должи на своите истражувања и развој на лекови и активни фармацевтски супстанции.

Моќта на компанијата лежи во богатството на разновидност, високостручни вработени и нивната посветеност да обезбедат високо квалитетни производи кои се резултат на напредна технологија и научни достигнувања, рационално конкурентно производство како и континуирана грижа за клиентите.

И покрај силната конкуренција, ПЛИВА има стабилна водечка позиција на пазарите во Југоисточна Европа.

Директор - Петар Велкоски

 

ДИРЕКТОР – ВЕЛКОСКИ ПЕТАР, Mr Ph

Велкоски Петар роден е во Скопје 1971, 1993 завршува Фармацевтски факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил Методиј.

Големото искуство во фармацевтската индустрија кое трае скоро 20 години го стекнал во повеке фармацевтски компании Lek, Јака, на различни позиции почнувајки од стручно-комерцијален соработник, продукт менаџер, директор на маркетинг, директор на продажба, директор на маркетинг и продажба и тоа како во Македонија така и во земјите од регионот-Бугарија, Албанија, Косово.

Во Плива се придружи во 2009, а од 2010 е директор на Плива Скопје. Од тогаш Плива Скопје остварува респектабилни деловни и финансиски резултати како и двоцифрени годишни растови.

TEVA PHARMACEUTICAL INDUSTRIES Ltd.

Teva Pharmaceutical Industries Ltd. (NASDAQ: TEVA) е глобална фармацевтска компанија специјализирана за развој, производство и продажба на генерички и иновативни лекови и активни фармацевтски супстанци. Teva е во рангот на 15 водечки фармацевтски компании и една од најголемите генерички фармацевтски компании во светот.

Со над 100 години искуство во областа на заштита на здравјето, компанијата работи во голем број земји преку мрежа на свои поврзани друштва. Седиштето на компанијата е во Израел, а компанијата повеќе од 80% од своите приходи кои во 2010 година изнесуваа 16,1 млрд. УСД ги остварува во Северна Америка и Европа. Teva има повеќе од 40.000 вработени ширум светот и производствени локации во Израел, Северна Америка, Европа и Јужна Америка
 

 TEVA ВО БРОЈКИ

 
Број 1генеричка компанија во светот • Помеѓу првите 15 глобални фармацевтски компании • 18,3 милијарди УСД реализирана продажба во 2011. • Активности во 60 земји • 71 милијарда таблети во 2011 • Дистрибуција на производите во над 120 пазари • 46.000 вработени • Повеќе од 6.000 вработени работат на обезбедување на квалитетот
 

 Teva во светот