Дали некогаш сте се запрашале како би било да се работи во ПЛИВА?

Квалитетните, образувани и мотивирани луѓе преставуваат еден од најважните Пливини извори за конкурентска сила на пазарот на трудот. Внимателното избирање на кадри на ПЛИВА кои се поставуваат на одредена стручна или менаџерска функција внатре во компанијата, преставува важна алка во планирањето и остварувањето на конкурентност како и клуч за опстанок на се позахтевните пазари. Високообразуваните стручни лица на ПЛИВА свесни се за нивната компетентност, а работата во компанијата им овозможува постојано напредување во кариерата во средина која поттикнува квалитетна тимска работа и пријатана работна атмосфера.
 

Вработени

Во ПЛИВА луѓето се ценат и според нивните достигнувања и според нивниот потенцијал, а професионалниот развој е од примарно значење. Нашите вработени постојано вложуваат во своето знаење, а ПЛИВА нуди средина која го поттикнува учењето и развојот како на работното место, така и надвор од него, преку советувања и менторства, преку работни групи, активно учење, стручни работни групи, семинари, конгреси, саеми и изложби, постдипломски студии, специјализации, постдокторски студии, како и курсеви за изучување јазици и компјутер.

Најзначајната предност на ПЛИВА во борба со конкуренцијата е знаењето на нејзините вработени