јануари 02. 2013 « Back
ПЛИВА Скопје  на Клиниката за радиотерапија и онкологија донираше скоро 500.000 денари
/Media/News/PublishingImages/DonacijaNewsImage.jpg

Како општествено одговорна компанија, реномираниот фармацевтски производител ПЛИВА обезбеди донација во износ од околу 500.000 денари за изградба и опремување на посебна единица за најсофистицирана припрема на цитостатска терапија за болните кои се лекуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.

"На овие простори ПЛИВА и нејзините производи одамна се проверен и сигурен бренд во областа на фармацијата, а како членка на една од најголемите светски фармацевтски компании Teva, по пат на свој дистрибутер во земјата ЗЕГИН, веќе три години на македонските пациенти им обезбедува палета од висококвалитетни лекови за лекување на малигните заболувања. Со оваа донација продолжуваме да бидеме препознатливи како општествено одговорна компанија и произведувач за респект кој гради партнерски однос и кој води грижа за потребите на заедницата", изјви директорот на ПЛИВА Скопје Петар Велкоски. Од името на Клиниката за радиотерапија и онкологија, директорот др. Милан Ристески ја изрази својата благодарност до ПЛИВА која ги препознала потребите на Клиниката за таква единица и со својата донација дала придонес во осовременувањето на третманот на онколошките пациенти.