март 16. 2016 « Back
ПЛИВА Скопје  на Фармацевтскиот Факултет  донираше повеќе од 500.000 денари
http://cont.tmacedonia.tevanet.teva.corp/Media/News/PublishingImages/PharmaFacultyDonation-2016.jpg
 
Фармацевтскиот Факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, изрази голема благодарност на фармацевтска компанија ПЛИВА која додели донација во рамките на процесот за модернизација на научно наставниот процес и зголемување на функционалноста на амфитеатарот и подобрување на условите за едукација на идните фармацевти.
 
Во име на Фармацевтскиот Факултет, деканот проф д-р Светлана Кулеванова изјави:           
 ” Донацијата на ПЛИВА е од суштинско значење. Се однесува на преадаптација на постоечки простор на Амфитеатарот , кој во целост ќе ги исполнува  критериумите и  стандардите, и со модернизација на научно наставниот процес ќе овозможи уште повисоко ниво на квалитетна настава.
Сакам да искажам благодарност од страна и на сите наши студенти и на целиот персонал на Фармацевтскиот Факултет за оваа донација, која многу ќе го подобри квалитетот на наставата  ”
 
„Превземаме активности како би им помогнале на идните фармацевти , кои ќе бидат уште поквалитетно едуцирани за во иднина да дадат поголем придонес во фармацевтската дејност. Со оваа донација ја продолжуваме нашата определба и препознатливост на високо одговорна општествена компанија, респектабилен производител кој гради партнерски однос и води грижа за потребите на зедницата – изјави директорот на Плива Скопје",  Петар Велкоски.