април 11. 2017 « Back
Македонското лекарско друштво (МЛД) ѝ додели на ПЛИВА престижна награда, Златна плакета за компанија која во изминатата година дала особен придонес за работата и промоцијата на Македонското лекарско друштво.

http://cont.tmacedonia.tevanet.teva.corp/Media/News/PublishingImages/Zlatna%20plaketa%20Makedonija.JPG
 

Во името на ПЛИВА, како директор на ПЛИВИНОТО претставништво, Петар Велкоски истакна:

„Горди сме што ПЛИВА е долгогодишен партнер на македонскиот здравствен систем и што како општествено одговорна компанија секоја година дава свој придонес во работата на Македонското лекарско друштво, но и во развојот на целокупната заедница.

„Златната плакета од Македонското лекарско друштво нѐ обврзува  да продолжиме понатаму и на најдобар можен начин да дадеме препознатлив придонес во унапредувањето  на здравствената грижа во Македонија“, истакна Петар Велкоски.

ПЛИВА со своите производи на пазарот во Македонија е присутна повеќе од 36 години и веќе низа години е препознатлива како партнер од доверба на здравствениот систем и на пациентите. Својот статус на македонскиот пазар ПЛИВА го потврди и во 2016 година со добивањето на наградата Супербренд Македонија.