февруари 09. 2017 « Back
Универзитетската Клиника за Хематологија во Скопје, изрази голема благодарност на фармацевтска компанија ПЛИВА која додели донација во рамките на процесот за модернизација ,зголемување на функционалноста на клиниката и подобрување на условите за третман на пациентите.
http://cont.tmacedonia.tevanet.teva.corp/Media/News/PublishingImages/_w/Skopje%202_jpg.jpg
Во име на Клиниката за Хематологија, директорот проф.др. Чевревска изјави: ”Донацијата на ПЛИВА е од суштинско значење за современа дијагностика и лекување на малигните хематолошки пациенти и следење на ефектите на терапијата. Се однесува на обезбедување на комплетно автоматизиран молекуларно дијагностички систем кои ќе биде употребуван во дијагностички цели за пациентите.
Сакам да искажам благодарност од страна и на пациентите и на целиот персонал на Клиника за Хематологија за оваа донација, која многу ќе го подобри квалитетот на услугата.”
 
„Превземаме активности како би им помогнале на докторите и медицинскиот персонал во заедничката грижа за пациентите. Со оваа донација ја продолжуваме нашата определба и препознатливост на високо одговорна општествена компанија, респектабилен производител кој гради партнерски однос и води грижа за потребите на зедницата – изјави директорот на Плива Скопје",  Петар Велкоски.