Правна порака

Друштвото Teva Pharmaceutical Industries Ltd. ( во понатамошниот текст : „Тева“), го одржува овој сајт ( во понатамошниот текст „Сајт“) за ваши лични информации, едукација и комуникација. Додека слободно го разгледувате овој сајт, ве молиме имајте предвид дека вашиот пристап на овој сајт и неговото користење подлежат на подолу наведените термини и услови (во понатамошниот текст „Термини и услови“), како и на одредбите на важечките закони. Со самиот пристап и разгледување на овој сајт, вие без ограничување или квалификации, ги прифаќате термините и условите и признавате дека било кој друг договор склучен помеѓу вас и друштвото Тева, а кој се однесува на овој сајт се заменува во таа мера во која истиот е во спротивност со овде наведените Термини и услови.
Строго се забранува користење или поврзување со било која содржина од овој сајт освен таа која е предвидена во дадените Термини и услови.

  1. Вие треба да разберете дека се што гледате или ќе прочитате на овој сајт е заштитено со авторски права и дека не може да се користи без писмена дозвола од друштвото Тева освен во случаи предвидени со овие Термини и услови или во текстот кој се наоѓа на сајтот. Друштвото Тева не гарантира, ниту изјавува дека користењето на материјалот кој е изложен на сајтот од ваша страна нема да доведе до кршење на правата на некоја трета страна или страна. Ништо од она што е содржано на овој сајт, ниту по пат на импликација, забрана за користење на претходна изјава, со спречување на тужба или на друг начин, не смее да се смета за одобрение, односно дозвола за користење на било која лиценца или права за користење на некое од правата на интелектуална сопственост на Тева (вклучувајќи, но без ограничување, само на: патент, заштитен знак, трговски назив, авторска право или трговска деловна тајна).
  2. Вие може да го преземете материјалот кој е изложен на Сајтот за некомерцијални цели односно за ваша лична употреба под услов вие исто така да ги задржите сите авторски права и сите сопственички напомени кои се содржани во материјалот или се посебно наведени на сајтот. Вам не ви е дозволено преземениот материјал да го дистрибуирате, менувате, пренесувате, повторно да го користите, повторно да го испраќате односно да го поставувате на сајт, ниту содржината на сајтот, вклучително и текст, аудио или видео снимки да не ги користите за јавни или комерцијални цели.
  3. Снимките на луѓе или места кои се изложени на овој сајт, претставуваат или сопственост на друштвото Тева, или се користени со добиена дозвола од страна на друштвото Тева. Употребата на овие снимки од ваша страна или од страна на некое лице кое сте го овластиле, строго е забранета освен ако не е посебно одобрена во согласност со одредбите наведени во Термините и условите или во согласност со одредбите дадени на било кое друго место на овој сајт. Било какво неовластено користење на снимки може да доведе до кршење на авторските права, потоа правото на заштитен знак, права на приватност и публицитет како и до кршење на прописите и статутот поврзани со комуникација. Исто така ве изестуваме дека во случај да дојде до било какво кршење друштвото Тева агресивно ќе ги спроведува, односно остварува своите права на интелектуална сопственост и до целосно исполнување на сите законски мерки, вклучително и поднесување на барање за спроведување на кривична постапка против сторителите.
  4. Логото на заштитните знаци како и сервисните ознаки кои се изложени на сајтот (во понатамошниот текст со заеднички назив „заштитени знаци“), вклучително и знаците на Тева и Копаксон (Copaxone) се регистрирани и нерегистрирани знаци на друштвото Тева и други друштва. Ништо од содржаното на овој сајт, ни преку импликација, забрана за користење на претходната изјава, спречување на тужба или на друг начин, не смее да се смета за одобрение за користење на било која лиценца или право на користење на било кој од заштитените знаци, без добивање на писмена дозвола од страна на друштвото Тева или некои трети страни кои можат да бидат сопственици на поедини заштитени знаци.
  5. Друштвото Тева не извршило преглед на сите сајтови кои се поврзани со овој Сајт и на никој начин не е одговорно за содржината на страните кои се надвор од овој Сајт, ниту за содржината на сајтовите кои се врзани за овој Сајт. Вашето поврзување на такви сајтови, односно разгледување на тие страни кои се надвор од овој сајт е на ваш сопствен ризик.
  6. Иако друштвото Тева вложува разумни напори да објави точни ажурирани информациии на Сајтот, тоа не ја гарантира нивната точност. Тева нема да преземе одговорност, ниту на било кој начин може да се смета за одговорно за ниедно дејство кое е преземано врз основа на информациите кои се презентирани на овој Сајт. Сите корисници на овој Сајт се согласуваат дека користењето на овој Сајт е на нивен сопствен ризик. Друштвото Тева не презема никаква одговорност за било кои грешки односно пропусти кои можат да се појават во содржината на овој Сајт.
  7. Употребата на овој Сајт,односно разгледувањето на неговата содржина е на ваш сопствен ризик. Ниту друштвото Тева ниту било која друга страна која е вклучена во креирање, продукција на таканаречен хостинг или доставување на содржина на овој Сајт, не е одговорна за никаква директна, случајна, последична или индиректна штета, ниту за казнена оштета, односно не е одговорна за било која штета до која може да дојде врз основа на вашиот пристап на овој Сајт, односно врз основа на користење на неговата содржина. Без било какво ограничување на напред наведеното, се што се наоѓа на овој сајт ви е обезбедено во видена состојба односно „ТАКВО КАКВО ШТО Е, БЕЗ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БИЛО КАКВА ГАРАНЦИЈА КОЈА БИ БИЛА ИЗРАЗЕНА ИЛИ КОЈА СЕ ПОДРАЗБИРА, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ САМО НА , ГАРАНЦИЈА КОЈА СЕ ПОДРАЗБИРА ЗА СОСТОЈБАТА А ПРОДАЖБА, ПОДОБНОСТА ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ ИЛИ ГАРАНЦИЈА ЗА НЕКРШЕЊЕ НА ЗАКОНОТ, ОДНОСНО ЗА НЕПОВРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА”. Ве молиме да имате предвид дека некои од органите со правна надлежност можат да не дозволат исклучување, односно изоставување на имплицирани гаранции, така што некои од наведените исклучоци нема да се однесуваат на вас. Проверете ги вашите локални закони заради увид во постоење на било какви рестрикции или ограничувања кои се однесуваат на изоставување на имплицирани гаранции.
  8. Друштвото Тева, исто така не презема одговорност, ниту може да се смета за одговорно за било какво оштетување на вашиот компјутер, или појава на компјутерски вируси со кои може да се инфицира вашиот компјутер или друга ваша сопственост, а до што дошло заради вашиот пристап на овој сајт, односно заради тоа што сте го користеле или од овој Сајт сте преземале некој материјал, податоци, текст, видео или аудио снимки.
  9. Било каква комуникација која ја обавувате со овој Сајт или материјал кој ќе го пренесете на овој сајт било со електронска пошта или на друг начин, нема да се смета за доверлив или сопственички. Се што ќе испратите односно пренесете на Сајтот, друштвото Тева или неговите филијали можат слободно да го користат за било која цел, вклучително но без ограничување само за целта на репродукција, откривање на информации, пренос на податоци, објавување, емисија и испраќање.Освен тоа, друштвото Тева може слободно за било која цел да користи било какви идеи, концепти, знаења или техники кои се содржани во комуникацијата која сте ја испратиле на овој сајт, вклучително но без ограничување само на потребата за развој на друштвото, производство, маркетинг и продажба на производи со користење на споменатите идеи, концпети, знаења или техники.
  10. Иако друштвото Тева може повремено да ги следни односно прегледува дискусиите, расправите, четовите, постинзите, преносите, табелите со пораки или слично на овој сајт, Тева нема обврска тоа да го прави и не презема ниту сноси било каква одговорност која може да произлезе од содржината на било која од тие локации, односно друштвото Тева не може да се смета за одговорно за било која грешка, писмена, јавна или усна клевета, пропуст, лажна информација, објавување на промотивен материјал, скаредност, порнографија, вулгарност, опасност, објавување односно разоткривање на приватност или за било каква неточна содржина во информациите кои ги содржат наведените локации односно материјал испратен на овој Сајт. Забрането е испраќање, односно објавување или пренесување на било каков незаконски, промотивен, заканувачки, клеветнички, неморален, скареден, скандалозен, порнографски или вулгарен материјал или било кој друг материјал кој би можел да се состои од, или би можел да поттикнува или охрабрува објавување на дејства кои можат да се сметаат за кривично дело, потоа содржина која може да доведе до граѓанска одговорност или која на некој начин може да доведе до кршење на законот. Друштвото Тева во целост ќе соработува со соодветни органи на власта или со судски органи во однос наоткривање односно насочување на откривање на идентитетот на лице или лица кои поставиле на сајтот или испратиле непристони информации или материјали.
  11. Овој сајт може да содржи информации за производи и услуги ширум светот, од кои сите производи односно услуги не се достапни на секоја локација. Повикувањето на производ или услуга на овој сајт не подразбира дека тој производ или услуга автоматски ќе биде достапна и на нашата локација. Производите кои се наведени на овој Сајт можат да подлежат на различни регулаторни барања во зависност од државата во која се користат. Како последица на тоа, посетителите на Сајтот можат да се известат дека одредени делови на овој Сајт се наменти исклучиво на одредени типови на експертски корисници или се наменети само за аудиториум во одредени држави. Вие не треба да ги толкувате содржините објавени на овој Сајт како промоција или пропаганден оглас за било кој производ или користење на некој производ за кој не постои законски добиена дозвола за пуштање во промет и кој не ги исполнува прописите на државата во која вие живеете.
  12. Друштвото Тева го одржува овој Сајт како еден вид на обезбедување на услуга на интернет заедницата. Овој сајт е дизајниран така да обезбеди општи информации за друштвото Тева и неговите производи. Страните објавени на овој Сајт не се наменети за обезбедување на инвестиции ниту медицински совети, ниту истите обезбедуваат упатство врзано за соодветна употреба на производот кој го произведува или продава друштвото Тева, како и производи кои се наоѓаат на развојната програма на друштвото Тева или неговите филијали, поврзани друштва или друштва кои поседуваат лиценца на Тева или претставуваат партнери на Тева од доменот на заеднички потфат. Информациите кои се објавени на овој сајт, а кои се однесуваат на производите кои имаат дозвола за пуштање во промет, се сметаат во целост за квалификувани во однос на информациите пропишани за тој вид на производи. Корисниците на овој Сајт треба да имаат предвид дека производите кои се опишани на овој сајт, а кои се наоѓаат во развојната програма, не се во потпоност од страна на некоја регулаторна агенција, окарактеризирани како безбедни ниту како ефикасни, и не се одобрени за користење на ниедно место кое са наоѓа надвор од клиничките испитувања.
  13. Ниту една информација објавена на овој Сајт, не претставува никаков повик ниту понуда за инвестирање, ниту тргување со хартии од вредност (обврзници) или американски, депозитарно издадени признаници на друштвот Тева. Посебно го свртуваме вниманието на тоа дека актуелните резултати и настани можат да се разликуваат од било каква прогноза, мислење или очекувања кои се изразени на овој Сајт, а го свртуваме вниманието и на фактот дека на претходните движења на цените на хартиите од вредност не смеете да се потпирате како на показател на нивното движење во иднина.
  14. Друштвото Тева може во било кое време да изврши ревизијана наведените Термини и услови така што ќе изврши ажурурање на овој поставен текст. Таквите ревизии се обврзувачки за корисниците на овој Сајт и со тоа треба повремено да ја посетувате оваа страница за да имате увид во тековната објавена верзија на Термини и услови кои се, повторно напоменуваме, обврзувачки за вас.