Би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои во моментов се грижат за нашето здравје и безбедност - на сите здравствени работници и вработени во надлежните служби кои со својата работа прават се како би нè заштитиле нас и нашето здравје и ни овозможат да заедно што е можно поскоро излеземе од оваа состојба како победници.

Ви благодарамиме и на сите вас кои со своето општествено одговорно однесување се заштитувате себеси и другите. Исто така сакаме уште еднаш да кажеме благодарам на нашите вработени без чија поддршка, напор и посветеност не би можеле да ја одржиме одговорноста што ја имаме кон пациентите и заедниците ширум светот.

Една од нашите основни цели е да обезбедиме достапност и пристап до високо квалитетни лекови и терапии за милиони пациенти ширум светот. Сакајќи да помогнеме и дадеме дополнителен придонес во борбата против COVID-19 одлучивме на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје да го донираме лекот hidroksihlorokin, кој се користи како една од терапиите при лекување на наведената болест. Се надеваме дека донацијата ќе помогне во секојдневната борба против коронавирусот и дополнително ќе придонесе за зачувување и унапредување на здравјето на населението.