Често поставувани прашања за лекот

Како да контактирам со Teva со прашања за мојот лек?

Вклучи Прошири/ Собери
  • Нашиот Сектор за поддршка на клиенти може да ви помогне околу прашањата за снабдувањето и достапноста на лекот. Можете да контактирате со нив на [TEL] или на [EMAIL]
  • Можете да поднесете општо прашање преку оваа веб-страница - само кликнете на „Контактирајте со нас“ и пополнете го краткиот образец.
  • Ако вашето прашање се однесува на сомневање за негативен ефект, ве молиме поднесете извештај за негативен настан овде [link to Contact Us AE reporting form or email].

Што да правам ако почувствувам негативен ефект (или ефекти) од земањето на лекот?

Вклучи Прошири/ Собери

Ако мислите дека сте почувствувале негативен ефект или неочекувана реакција од земањето на лекот, вклучувајќи лекови без рецепт или медицински уреди, ви препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар или аптекар што е можно поскоро.
За да ни овозможите постојано да ја следиме безбедноста на нашите производи, можете да го пријавите негативниот ефект преку Образецот за негативен настан од лек во делот "Контактирајте со нас" на оваа веб-страница.

Го загубив листот од кутијата на мојот лек, каде можам да најдам друг?

Вклучи Прошири/ Собери

Ве молиме контактирајте со тимот за поддршка на клиенти по телефон [TEL] или по е-пошта на [EMAIL]за да можеме да ви помогнеме.

Загрижен сум дека мојот лек на рецепт може да биде во интеракција со други лекови на рецепт или растителни додатоци кои ги земам, како да дознаам дали е безбедно и понатаму да ги земам?

Вклучи Прошири/ Собери

На листот со информации за пациентите може да има информации за вашиот лек на рецепт кои ќе ви посочат што можете или што не можете да земате со вашиот лек. Ако сепак не сте сигурни, препорачливо е да зборувате со вашиот здравствен работник кој го препишал лекот или да проверите со аптекарот.

Имам потешкотија да ги голтнам таблетите/капсулите. Може ли да ги здробам таблетите или да ги отворам капсулите и да ги попрскам на храна/пијалок?

Вклучи Прошири/ Собери

Не препорачуваме дробење на таблетите или отворање на капсулите освен ако листот со информации за пациенти кој доаѓа со вашиот лек не наведува конкретно дека можете да го правите тоа. Дробењето на таблетата или празнењето на капсулата може да го промени начинот на кој дејствува вашиот лек и може да влијае на безбедноста и ефективноста на лекот. Ако имате потешкотија да ги голтнете таблетите/капсулите, треба да разговарате за ова со вашиот лекар или аптекар.

Мојот пријател ја има истата болест како мене, може ли да му дадам од мојот лек?

Вклучи Прошири/ Собери

Никогаш не му давајте на друго лице лек што ви е препишан вам. Може да му наштети, дури и да се исти неговите симптоми со вашите.

Како да ги фрлам лековите кои повеќе не ми се потребни?

Вклучи Прошири/ Собери

Не ги фрлајте лековите во отпадни води или во отпад од домаќинството. Најбезбеден начин да се ослободите од непотребните лекови е да ги вратите во вашата локална аптека или во други локални овластени локации.

Дознајте повеќе за соодветно отстранување на лековите со истечен рок или неискористените лекови тука

Која е разликата меѓу лековите на рецепт и лековите без рецепт?

Вклучи Прошири/ Собери

Лек кој се издава само на рецепт може да се добие од аптека откако ќе покажете потпишан важечки рецепт од вашиот лекар или од друг квалификуван здравствен работник.
Лековите без рецепт (OTC) се продаваат без лекарски рецепт и честопати се под надзор на аптекар. Меѓутоа, може да има ограничувања на количината која можете да ја купите, во зависност од лекот.

Слушнав дека ќе има проблем со снабдувањето на мојот лек. Што да правам ако не можам да го добијам редовниот рецепт?

Вклучи Прошири/ Собери

Проверете кај вашиот аптекар пред да дојде рокот за следното издавање на вашиот рецепт или контактирајте со службата за поддршка на клиенти на Teva на [TEL] or [EMAIL]. Доколку постои проблем да го добиете вашиот редовен лек на Teva, разговарајте со вашиот здравствен работник или аптекар за алтернативно снабдување или лекување.

Не ги разбирам инструкциите за тоа како да го земам лекот, што да правам?

Вклучи Прошири/ Собери

Ако не разбирате што ви е кажано или ако пишаните упатства на етикетата на лекот се нејасни, побарајте од аптекарот повторно да ви ги објасни. Можете да побарате и да ви ги запише. Немојте да се грижите ако прашувате повторно, за вашето здравје е важно правилно да го земете лекот.

Што да правам ако сметам дека мојот лек не функционира добро?

Вклучи Прошири/ Собери

Ако земате нов лек, ви препорачуваме да зборувате со вашиот здравствен работник (медицинска сестра, лекар или аптекар) што е можно поскоро во врска со очекуваните резултати од лекот издаден на рецепт.

Исто така, доколку лекот нема дејство, тоа треба да го пријавите со Образецот за негативна реакција од лекот

во делот "Контактирајте со нас" на оваа веб-страница

Споделете ја оваа страница на: