ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ И КОЛАЧИЊА

Оваа веб-страница ("страницата") е управувана од Teva Pharmaceutical Industries Ltd. ("Teva") и нејзините подружници. Можете да видите листа на сите подружници на Teva на следнава веб-страница: http://www.tevapharm.com. Во ова известување за приватост, Teva се нарекува со "ние", "нас" и "наша".

Опфат на ова известување за приватност

Ова известување за приватност се однесува на личните податоци кои ги собираме преку страницата. Во него се опишува како ги користиме вашите податоци и вашите права на заштита на податоците, вклучувајќи го правото да приговарате на дел од обработката што ја вршиме. Повеќе информации за вашите права и за тоа како да ги остварите се дадени во делот "Како ги чуваме вашите информации и вашите права".

Нашата страница вклучува врски до други веб-страници над кои немаме контрола. Teva не е одговорна за политиките или практиките на приватност на други веб-страници. Исто така, можеме да дадеме врски до други веб-страници со кои управува Teva или филијалите на Teva кои работат под посебни политики за приватност. Ако пристапите до овие веб-страници, треба да ги прочитате политиките за приватност на тие страници за да разберете како ги собираат, ги користат и ги споделуваат вашите информации.

Како ги користиме вашите информации

Ги обработуваме личните податоци кои ги собираме за следниве цели:

со ваша дозвола за:

  • да ви обезбедиме информации за деловните активности, производи или услуги на Teva
  • да ви одговориме на прашањата или на другата кореспонденција што сте ја поднеле преку страницата
  • да ставиме колачиња и слични технологии, како што е опишано подолу

за да ни овозможат да ги следиме нашите легитимни деловни интереси, особено:

  • да го анализираме користењето на нашата страница со цел постојано да ја подобруваме содржината и да ги мериме перформансите
  • да го оптимизираме и прилагодуваме користењето на нашата страница и нашите комуникации со вас

да ги исполниме законските и регулаторните услови, условите за фармаковигиланца и за усогласеност, особено да одговориме на барањата за информации од државните органи.

Споделување на вашите лични податоци

Teva може да ги открие вашите лични податоци на следниве категории примачи (во сите случаи, само кога е потребно да се исполнат нивните функции):

  • нашиот персонал (вклучувајќи ги вработените и надворешните консултанти), професионални советници и застапници;
  • други функции и компании во групацијата на компании Teva во целиот свет;
  • трети даватели на услуги кои ги обработуваат вашите лични податоци во име на Teva и кои се обврзани со договорни обврски да ги чуваат вашите лични податоци доверливи и соодветно безбедни;
  • купувачи или потенцијални купувачи на целиот бизнис или на дел од бизнисот на Teva (и нивните професионални советници);
  • и државни органи, регулаторни органи и органи за прогон, доколку тоа се бара за целите наведени погоре, доколку се бара со закон или ако се бара за правна заштита на нашите легитимни интереси во согласност со важечките закони.

Колачиња и поврзани технологии за следење

Користење колачиња на страницата

Teva користи колачиња за собирање информации за вас и ги чува вашите онлајн претпочитања. Колачињата се текстуални датотеки кои содржат мали количини информации кои се преземаат на вашиот уред кога посетувате некоја веб-страница. Колачињата потоа се враќаат назад кога ќе се вратите на веб-страницата: ова е корисно бидејќи овозможува веб-страницата да го препознае вашиот уред. За да дознаете повеќе за колачињата, посетете ја веб-страницата www.allaboutcookies.org

Teva ги користи следниве категории колачиња на страницата:

Категорија 1: Строго неопходни колачиња

Овие колачиња се неопходни за да ви овозможат да се движите низ страницата и да ги користите нејзините опции. Без овие колачиња, услугите кои ги барате (како на пример, запомнувањето на вашите информации за најавување) не можат да се обезбедат.

Категорија 2: Колачиња поврзани со перформансите

Овие колачиња собираат информации за тоа како луѓето ја користат страницата. На пример, Teva ги користи овие колачиња за да ни помогне да разбереме како клиентите доаѓаат на страницата, како прелистуваат или како ја користат страницата и ги истакнуваат областите каде што можеме да направиме подобрувања, како на пример, навигација, корисничко искуство и маркетиншки кампањи. Сите информации кои овие колачиња ги собираат се збирни и, според тоа, анонимни. Се користат само за да се подобри функционирањето на страницата.

Категорија 3: Колачиња за функционалност

Овие колачиња го запомнуваат изборот што сте го направиле (како на пример, изборот на јазик). Потоа тие можат да се употребат за да ви се обезбеди искуство кое е посоодветно на вашиот избор и да се направат вашите посети на страницата поприлагодени. Информациите кои ги собираат овие колачиња може да бидат анонимизирани и не можат да ја следат вашата активност на прелистување на други веб-страници.

Ако сакате да ги избришете колачињата кои веќе се наоѓаат на вашиот компјутер, погледнете го делот за помош и поддршка на вашиот интернет-прелистувач за упатства како да ја најдете датотеката или папката во која се чуваат колачињата.

Повеќе информации околу бришењето или контролирањето на колачињата се достапни и на веб-страницата www.allaboutcookies.org. Имајте предвид дека, ако ги избришете нашите колачиња (или ги онеспособите идните колачиња), нема да можете да пристапувате до одредени делови или опции на нашата страница.

Користење веб-сигнали

Некои страници од нашата веб-страница и е-пошти може да содржат електронски слики познати како веб-сигнали (понекогаш се нарекуваат и проѕирни gif-ови) кои ни овозможуваат да ги изброиме корисниците кои ги посетиле овие страници и кои ги прочитале нашите електронски пораки. Веб-сигналите собираат само ограничен број информции, кои ги вклучуваат бројот на колачето, времето и датумот на преглед на страницата и описот на страницата на која се наоѓа веб-сигналот. Овие сигнали не носат никакви лични податоци и се користат само за следење на ефективноста на конкретна кампања.

Како ги складираме вашите информации и вашите права

Ние ги задржуваме сите информации кои ги собираме за вашите интеракции со Teva. Вашите информации ќе бидат задржани две години, или како што е разумно неопходно за целите наведени погоре, во согласност со важечките закони.

Според важечките закони, може да имате право да побарате од Teva примерок од вашите информации, за да ги коригирате, да ги избришете или да ја ограничите нивната обработка или да побарате од нас да ги пренесеме овие информации во други организации. Исто така, може да имате право да приговарате на одредена обработка. Овие права може да бидат ограничени во одредени ситуации - на пример, онаму каде што можеме да покажеме дека имаме законско барање да ги обработуваме вашите лични податоци.

Онаму каде што сте се согласиле со обработката на вашите податоци, таквата согласност можете да ја повлечете во секое време.

За да ги реализирате вашите права во врска со вашите лични податоци, ве молиме контактирајте со нас. Ако живеете во Европа, ве молиме контактирајте со нас на EUprivacy@tevaEU.com, За Германија, ве молиме контактирајте со нас на datenschutz@teva.de, За сите други региони, ве молиме контактирајте со нас на IL_Privacy.Tevail@teva.co.il.

Се надеваме дека можеме да одговориме на сите прашања кои ги имате за начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци. Ако имате проблем околу тоа како ги обработуваме вашите лични податоци, стапете во контакт со Канцеларијата за заштита на податоци на Teva така што ќе контактирате со нас. Ако живеете во Европа, можете да контактирате со нас на EUprivacy@tevaEU.com. Меѓутоа, ако имате неодговорени прашања, исто така, имате можност да поднесете жалба до органот за заштита на податоци во местото каде што живеете, работите или онаму каде што сметате дека настанал прекршок во заштитата на податоците.

Меѓународни трансфери

Teva функционира во меѓународни рамки и ние ќе ги пренесеме вашите податоци во земји кои се надвор од вашата земја и надвор од Европската економска зона, вклучувајќи ги Израел и САД. Кога ги пренесува информациите во Израел, Teva се потпира на одлуката за адекватност на Европската Комисија во врска со пренесувањето податоци од Европската Унија во Израел; кога ги пренесува во САД, Teva го користи сертификатот за заштита на приватноста на Teva Pharmaceutical USA Ltd.; кога ги пренесува во други земји надвор од ЕЕЗ, Teva генерално се потпира на стандардните договорни клаузули одобрени од Комисијата на ЕУ. Информации за релевантниот механизам може да бидат обезбедени по доставување барање до EUprivacy@tevaEU.com .

Измени на ова известување за приватност

Ако нашата политика за приватност се промени на кој било начин, Teva ќе постави ажурирана верзија на политиката на оваа страница. Ако редовно ја отворате оваа страница, ќе можете секогаш да знаете кои информации ги собираме, како Teva ги користи информациите и во кои околности, доколку има, ќе ги споделиме со други страни.

Влегува во сила: март 2018 година