Нашата историја

Му даваме на светот висококвалитетни лекови уште од 1901 година

Компанијата што денес е позната како Teva започна како мал бизнис во Ерусалим во 1901 година. Оттогаш Teva значително се прошири и денес е глобален лидер за генерички и специјализирани лекови.

Нашата водечка позиција ја прават нашите луѓе и нашата култура, кои останаа верни на нашите скромни почетоци. Уште од основањето на Teva, нашето лидерство се карактеризира со упорност, претприемачки дух и желба да се подобри животот на луѓето.

Компанијата што денес е позната како Teva започна како мал бизнис во Ерусалим во 1901 година. Младата компанија, именувана според нејзините основачи-фармацевти, Саломон, Левин и Елштајн лтд (Salomon, Levin and Elstein Ltd.), дистрибуираше увезени лекови низ целиот регион со каравани од мазги и камили

Во текот на следните децении, порастот на компанијата беше поттикнат од порастот на побарувачката за локално произведени лекови. Во 1976 година, компанијата се нарече Teva (хебрејски збор за „природа“) Pharmaceutical Industries Ltd.

Teva значително порасна во целиот свет преку бројни успешни превземања со кои се интегрираше и се зголеми нашата експертиза за иновативни и генерички лекови, како и за нови терапевтски области и пазари. Денес Teva е меѓу 15-те најголеми глобални фармацевтски компании – светски лидер во генерички и специјализирани лекови.

Дознајте повеќе за историјата на Teva

 Упатување: Годишен извештај на Teva за 2018 година

Споделете ја оваа страница на: