Соработка со здравствените работници и здравствените организации

Со цел почитување на високите етички стандарди, а во согласност со очекувањата на пациентите, на јавниот сектор и другите  чинители во здравствениот систем, фармацевтските компании низ цела Европа се обврзаа на објавата на пренос на вредностите  на здравствените работници и здравствените организации со усвојување на ЕФПИА кодексот и Medicines for Europe Кодекс.

ПЛИВА,  како компанија посветена на одржување на односите со здравствените работници и организации, целосно ја поддржува заложбата на Европската федерација за фармацевтска индустрија и нејзиното Здружение на иновативни производители на лекови (EFPIA), како и организацијата  Medicines for Europe, во јавната објава на  пренесените вредности на индивидуален здравствен работник или здравствена организација.

Односот помеѓу фармацевтската индустрија и здравствените работници и организации заснован на здрави темели, е во најдобар интерес за пациентите. EFPIA  Кодексот  и Medicines for Europe Кодексот за објавување  на податоци, донесени се со цел за заштита на интегритетот на овие односи и претставуваат  чекор напред во промовирање  на поголема транспарентност и градењето посилна доверба помеѓу фармацевтската индустрија, медицинската заедница и општеството, низ цела Европа.

Што е EFPIA Кодексот?

EFPIA Кодексот за објавување на податоци е официјален кодекс на однесување за Здружението на иновативни производители на лекови, кој има за цел да воспостави видливи и јасни правила и процедури на кои членовите на Здружението се должни да се придржуваат  при спроведување на активности за огласување на лекови кон здравствените работници, на начин што ќе обезбеди што е можно повеќе професионално и етичко однесување,  како и транспарентност во третманот со цел да се постигне рационална фармакотерапија и да се обезбеди квалитетна здравствена заштита насочена кон благосостојбата на пациентите. Во согласност со Кодексот, сите членки на EFPIA објавуваат податоци за преносот на вредности  на здравствените работници и здравствените организации.

Повеќе информации за EFPIA Кодекс може да најдете на нивните официјални веб-страни.

Што е  Medicines for Europe Кодекс?

Кодекс на однесување на организацијата Medicines for Europe за интеракција со здравствената заедница (The Medicines for Europe Code) има за цел да постави рамка на стандарди и принципи кои промовираат доверба, одговорно однесување и почитување помеѓу фармацевтските компании и здравствената заедница, вклучително и здравствени работници, здравствени организации, пациенти и организации на пациенти.

Повеќе информации за Medicines for Europe кодексот може да најдете на нивните официјални веб-страни.

На следниве линкови можете да најдете:

Пливин Извештај за пренос на вредности за 2019. година

Методологија користена во примена на Кодексот во 2019. година

Страници на Teva каде што се достапни информации за сите други членови на пациентот - Global patient advocay engagement