Вие и безбедноста на лековите

Станете добро информиран пациент и активен учесник во вашиот план за здравствена заштита 

Лековите можат да ви помогнат да ги регулирате хроничните болести, да ја избегнете болеста или да ги намалите симптомите поврзани со болеста. Со тоа што ќе научите повеќе за соодветната и безбедна употреба на лекот, неговите придобивки и потенцијалните несакани ефекти, можете да станете активен учесник во дискусиите со вашиот тим за здравствена заштита.

Еве неколку совети за тоа како да станете добро информиран пациент:

  • Прашајте го вашиот лекар што да очекувате од вашиот лек: На пример, какви негативни ефекти може да настанат, дали е потребно некакво дополнително тестирање или следење и кога да очекувате подобрување.
  • Прочитајте ја етикетата и следете ги упатствата: Внимавајте на предупредувањата за потешките и полесните негативни ефекти. Внимавајте на упатствата во врска со мешањето на лековите и избегнувајте одредени активности додека ги користите.
  • Запознајте го вашиот лек: Научете ги имињата и дозите на сите лекови кои ги земате и болестите кои ги лекуваат
  • Запомнете ја вашата здравствена историја: Информирајте го вашиот лекар за какви било претходни алергии, чувствителност или почувствувани негативни ефекти.
  • Придржувајте се кон упатствата за времето и дозата на вашиот рецепт: Консултирајте се со вашиот лекар ако имате сомнеж или прашања.
  • Следете ги ефектите на лекот врз вашето тело и ум: Запишете ги сите промени и консултирајте се со вашиот лекар.

Имате прашања?

Доколку сакате да пријавите несакана реакција што сте ја доживеале по употреба на наш лек, Ве молиме контактирајте со лицето задолжено за Безбедност на пациентите на следнава адреса: Safety.Macedonia@tevapharm.com

Споделете ја оваа страница на: