Skip to main content

Генерички лекови

Достапни опции за терапија

Како светски лидер во обезбедувањето генерички лекови, Teva Pharmaceuticals ја разбира важноста на создавањето безбедни, квалитетни и достапни лекови. Сметаме дека секој од нас треба да има пристап до квалитетен лек за регулирање на болеста, борба против инфекциите или едноставно за подобрување на здравјето. 

Околу 200 милиони луѓе во светот земаат некој од нашите лекови секој ден. 01 Во САД, каде што Teva е водечка компанија за генерички фармацевтски производи, еден од девет рецепти се издава со производ на Teva. 02 Во Обединетото Кралство еден од шест,03 и во Канада еден од шест 06. Покрај тоа, голем број лекови на рецепт произведени од други компании вклучуваат активни фармацевтски состојки произведени од Teva.

Со генерички производи, пациентите обично плаќаат помалку добивајќи го истиот лек што го носи името на брендираниот производ издаден на рецепт од нивните лекари. Во просек, генеричките лекови чинат 80-85% помалку од брендираните лекови. 04

Генеричките производи на Teva ги поддржуваат здравствените системи. Пациентите и здравствените оператори заштедија стотици милијарди долари последнава деценија избирајќи генерички лек на рецепт на Teva наместо поскапи брендови. 04

Нашето глобално влијание е клучно за да се увериме дека нашите пациенти имаат пристап до нашите лекови. Teva има најголем ланец на снабдување од која било фармацевтска компанија и нашата мрежа од 43.000 вработени и 70 глобални производствени центри работат деноноќно и се грижат нашите лекови да дојдат до пациентите во над 60 земји на шест континенти. 05 Секој час полетува авион, поаѓа брод или камион испорачувајќи ги генеричките лекови на Teva до аптеките и болниците во целиот свет.

Посветени сме на создавање квалитетни, достапни лекови за повеќе луѓе на повеќе места во светот. Нашите научници во моментов развиваат над 800 генерички лекови 06 кои имаат за цел да го зголемат пристапот до терапии кои можат да го подобрат здравјето на пациентите и да им заштедат милијарди на здравствените оператори. Teva и понатаму се стреми кон поздрав свет.


Референци

  1. Back to contents.

    Внатрешни анализи спроведени од Global Insights, Access & Technologies за процена на бројот на потрошувачи на Teva. Упатување 1 од август 2016 година; Упатување 2 од април 2019 година

  2. Back to contents.

    Засновано на IQVIA NPA - Generic TRx од Corp – MAT март 2019 година

  3. Back to contents.

    Податоци во архива: UKMED180180 vCertification 1.2 DOF 148a 1 од 6 кутии на рецепт

  4. Back to contents.

    Здружение за достапни лекови, Пристап и заштеда од генерички лекови и биослични лекови во САД во 2019 година. Извештај: https://accessiblemeds.org/resources/blog/2019-generic-drug-and-biosimilars-access-savings-us-report

  5. Back to contents.

    Извор на податоци за број на производи и објекти: Глобални операции на Teva

  6. Back to contents.

    Извор на податоци: Глобален канал за истражување и развој на генерички лекови (Global Generic R&D Pipeline) од јуни 2019 година

Споделете ја оваа страница на: