Вашата кариера

A man participates in a conversation with colleagues

Дали некогаш сте се запрашале како би било да се работи во ПЛИВА

Силата на компанијата е во богатството на различности, исклучителната стручност на вработените и нивната посветеност за реализирање на бизнис целите. Со генерации Пливиниот успех е нивна заслуга. ПЛИВА на своите вработени им дава можност за креативност, за професионален раст и развој, напредување во кариерата и квалитетна тимска работа. Вработените во ПЛИВА работат во средина која е динамична, технолошки напредна, со мотивирачки услови за работа и со стимулативен систем за приход.

Нашето мото е образование во тек на целиот живот, така што едукацијата на нашите вработени ја продолжуваме и после нивното завршено формално образование затоа што веруваме дека знаењето и вештините се најголемото богатство и на вработениот и на компанијата. ПЛИВА поддржува учење и развој во и надвор од работното место, преку советувања и менторства, мултидисциплинарни работни групи, семинари, конгреси, постдипломски студии и специјализации, како и курсеви за јазик и компјутер. Во исто време, преку сопствениот едукативен центар, нудиме програми кои се специјално прилагодени на нашите потреби кои придонесуваат за поттикнување на размена на знаење и комуникација во рамките на компанијата.

Во ПЛИВА луѓето ги цениме по нивните достигнувања и целокупниот потенцијал. Професионализмот, посветеноста, проактивноста и мотивацијата за сопствен развој се квалитети на сите наши вработени кои даваат најголем придонес за нашиот успех. Покрај тоа, за работа во ПЛИВА клучен е зборот ’тим’. По правило, нашите тимови се мултидисциплинарни и во нив, вработените од различни професии заедно придонесуваат за деловни цели и резултати, со што имаат можност за понатамошно развивање и проширување на својата стручност и компетенции. Благодарение на тимската работа и квалитетна соработка меѓу колегите, се постигнуваат одлични деловни резултати.

Пријава на конкурс

Сите отворени конкурси во ПЛИВА и Тева може да ги побарате на Тевината глобална страна посветена на кариери

Можете да аплицирате за сите слободни работни места во ПЛИВА исклучиво на глобалната страница за кариера на Тева, избирајќи го работното место за кое сте заинтересирани и пополнете апликација преку Интернет.

Пријава со отворена молба

Доколку не сте нашле отворена позиција што одговара на Вашите интереси, Вашата отворена молба и податоци може да ги оставите во нашата база за кандидати со пријавување во Тевината база на таленти.

Споделете ја оваа страница на: