Мигрената и моето семејство: Домино-ефект

Истражувањето спроведено во 16 земји кај 12.545 пациенти со мигрена го прикажува влијанието на мигрената врз бројни аспекти од секојдневниот живот. Истражувањето покажува дека освен самите пациенти е погодено и нивното потесно семејство (партнер, деца и родители).

04

Мигрената претставува голем јавно-здравствен проблем и е третата најчеста болест во светот. 01 Почеста е и од дијабетесот, епилепсијата и астмата заедно 02 , а нападите на мигрена може да траат помеѓу 4 и 72 часа и често се проследени со мачнина, повраќање и промени во видот. 03

Мигрената може значително да влијае и врз животите на лицата кои живеат со оваа болест. Со неодамнешно истражување спроведено во име на Teva се сакало да се прикаже повеќекратниот товар на мигрената. Анкетата „Зад мигрената: вашето вистинско јас“, спроведена кај 12.545 лица кои живеат со мигрена, открива како болеста влијае на бројни аспекти од личниот живот. Едно од најпотресните сознанија од истражувањето е влијанието што мигрената го има врз семејството, особено врз животите на децата на пациентите со мигрена.

Како што се гледа од зборовите на Мери, лицата кои живеат со мигрена се соочуваат со големи предизвици додека се обидуваат да ја усогласат својата мигрена со семејниот живот. На пример, повеќето испитаници изјавиле дека, покрај на нив самите, нивната мигрена најмногу влијае врз нивниот партнер (68%) и децата (55%). 05 Влијанието врз родителството може да биде разорно: шест од десет анкетирани родители кои живеат со мигрена навеле дека болеста влијаела на нивната способност да им обезбедат безусловна родителска поддршка на своите деца. 05

Понатаму, како што потврдуваат и горенаведените зборови на анкетираната Мери, мигрената може да има широк домино-ефект врз бројни аспекти од семејниот живот. Четири од десет родители изјавиле дека болеста влијаела врз способноста на нивните деца да живеат безгрижно, 05 додека 44% од испитаниците рекле дека болеста влијаела врз општо чувство на среќа на нивните деца. 05 Ниту напредокот на детето во однос на образованието не е поштеден од потенцијалното влијание на мигрената, при што повеќе од една четвртина од испитаниците забележале дека нивната мигрена негативно влијае на резултатите што нивните деца ги постигнуваат на училиште. 05

Мигрената може да претставува значителен емоционален товар за лицата кои живеат со неа. Речиси четири од десет пациенти наведуваат дека болеста влијаела на нивниот однос со другите членови на семејството. 05 Речиси половина од испитаниците признале дека ја криеле својата мигрена од членовите на семејството, веројатно обидувајќи се да ги поштедат од притисокот и загриженоста поради тоа што нивната сакана личност поминува низ мигренозен напад. 05

Заклучок

Анкетата „Зад мигрената: вашето вистинско јас“ нуди сеопфатен увид во влијанието што мигрената го има врз семејството на пациентот и домино‑ефектот што може да го има врз сите засегнати. Истражувањето открива дека 86% од испитаниците сметаат дека општеството не ја сфаќа мигрената сериозно, што јасно го прикажува чувството на фрустрираност и изолираност. 05

Teva апелира до општеството да ѝ даде поддршка на заедницата на луѓе со мигрена и да им овозможи поотворено да зборуваат за последиците од мигрената. Разговарајќи со своето семејство, пријателите и колегите кои живеат со оваа болест, не само што ќе се едуцираме себеси и лицата во нашата околина, туку и ќе свртиме внимание кон мигрената, демистифицирајќи ја и дестигматизирајќи ја во корист на сите нас.

Во текот на ноември и декември 2019 година биле анкетирани 12.545 пациенти со мигрена од Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Чешка, Франција, Германија, Израел, Италија, Мексико, Холандија, Полска, Русија, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство, преку интернет-анкета спроведена кај возрасни лица со мигрена кои имале најмалку четири дена со мигрена месечно. Сите текстови во наводници се цитати од изјави на учесниците во истражувањето. Податоците се темелат на изјавите на анкетираните пациенти. Наведеното погоре претставува делумен приказ на извештајот и како такво не треба да се користи за никаква друга намена.


Извори

  1. Back to contents.

    Факти за мигрената, Фондација за истражување на мигрената. Достапно на страницата: https://migraineresearchfoundation.org/about-migraine/migraine-facts/. Пристапено на: 29. јуни 2020.

  2. Back to contents.

    Факти за мигрената, интернет страница на Фондацијата за истражување на мигрената. Достапно на страницата. Пристапено на: 27. јуни 2020.

  3. Back to contents.

    IHS класификација – Критериуми за класификација на мигрена 1

  4. Back to contents.

    Цитат изваден од буквалниот одговор на учесник во анкетата. На учесникот му е доделен псевдоним. Податоци во архивата: InSites Consulting, 2019.

  5. Back to contents.

    Податоци во архивата: InSites Consulting, 2019. Тевино истражување „Зад мигрената: вашето вистинско јас“. Податоци собрани во ноември и декември 2019.

Споделете ја оваа страница: