Skip to main content

ПЛИВА со донацијата на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје, се придружува во борбата против COVID-19

Суштинска одредница на работењето на ПЛИВА, но и на целата Тева групација, е да и помогнеме на заедницата во која работиме и во која долги години остваруваме успешни деловни резултати. Секогаш настојуваме да учествуваме во позитивните промени во општеството, помагајќи им на оние на кои им е помошта најпотребна.

Би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои во моментов се грижат за нашето здравје и безбедност - на сите здравствени работници и вработени во надлежните служби кои со својата работа прават се како би нè заштитиле нас и нашето здравје и ни овозможат да заедно што е можно поскоро излеземе од оваа состојба како победници.

Ви благодарамиме и на сите вас кои со своето општествено одговорно однесување се заштитувате себеси и другите. Исто така сакаме уште еднаш да кажеме благодарам на нашите вработени без чија поддршка, напор и посветеност не би можеле да ја одржиме одговорноста што ја имаме кон пациентите и заедниците ширум светот.

Една од нашите основни цели е да обезбедиме достапност и пристап до високо квалитетни лекови и терапии за милиони пациенти ширум светот. Сакајќи да помогнеме и дадеме дополнителен придонес во борбата против COVID-19 одлучивме на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје да го донираме лекот hidroksihlorokin, кој се користи како една од терапиите при лекување на наведената болест. Се надеваме дека донацијата ќе помогне во секојдневната борба против коронавирусот и дополнително ќе придонесе за зачувување и унапредување на здравјето на населението.

Споделете ја оваа страница на:

Можеби ќе ве интересира

ПЛИВА Скопје на Универзитетската Клиника за Пулмологија и Алергологија донираше повеќе од 400.000 д...

ПЛИВА Скопје на Универзитетската Клиника за Пулмологија и Алергологија донираше повеќе од 400.000 денари

Teva црпи од искуството на пациентите за да ги оспособи оние кои живеат со хронични болести

Teva црпи од искуството на пациентите за да ги оспособи оние кои живеат со хронични болести

Паметните уреди им даваат на луѓето со MS чувство дека се дел од заедница

Паметните уреди им даваат на луѓето со MS чувство дека се дел од заедница

Teva воведува 2Д баркод во борба против пазарот на фалсификувани лекови

Teva воведува 2Д баркод во борба против пазарот на фалсификувани лекови