Skip to main content

ПЛИВА Скопје на Универзитетската Клиника за Пулмологија и Алергологија донираше повеќе од 400.000 денари

Универзитетската Клиника за Пулмологија и Алергологија во Скопје, изрази голема благодарност на фармацевтска компанија ПЛИВА која додели донација во рамките на процесот за модернизација , зголемување на функционалноста на клиниката и подобрување на условите за третман на пациентите.

Во име на Клиниката за Пулмологија и Алергологија , директорот проф.др. Докиќ изјави: ”Донацијата на ПЛИВА е од суштинско значење за современа дијагностика на пациентите со астма и хронична белодробна болест-HOBB и следење на ефектите на терапијата. Се однесува на обезбедување на комплетно автоматизиран молекуларно дијагностички систем кои ќе биде употребуван во дијагностички цели за пациентите.

Сакам да искажам благодарност од страна и на пациентите и на целиот персонал на Клиника за оваа донација, која многу ќе го подобри квалитетот на услугата.” 
Еден од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на животот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови и сме горди што и на овој начин имаме прилика да дадеме придонес за квалитетот и исходот на лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест.

Како одговорна општествена компанија, нам во ПЛИВА желба ни е да продолжиме со вложување во развојот на заедницата во која работиме и во квалитетот на лекувањето на граѓаните.Веруваме дека донираниот апарат ќе го олесни лекувањето на пациентите и ќе придонесе за зачувување и унапредување на здравјето на популацијата.

”Во име на Председателот на Управата на PLIVА Hrvatska Михаел Фурјан и во мое лично име, се надевам дека оваа донација ќе допринесе во квалитетна дијагностика и подобри услови за работа на медицискиот персонал и ќе резултира со поквалитетен живот на сите Ваши пациенти, истакна директорот на Плива Скопје", Петар Велкоски.

Споделете ја оваа страница на:

Можеби ќе ве интересира

ПЛИВА со донацијата на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје, се...

ПЛИВА со донацијата на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје, се придружува во борбата против COVID-19

Teva црпи од искуството на пациентите за да ги оспособи оние кои живеат со хронични болести

Teva црпи од искуството на пациентите за да ги оспособи оние кои живеат со хронични болести

Паметните уреди им даваат на луѓето со MS чувство дека се дел од заедница

Паметните уреди им даваат на луѓето со MS чувство дека се дел од заедница

Teva воведува 2Д баркод во борба против пазарот на фалсификувани лекови

Teva воведува 2Д баркод во борба против пазарот на фалсификувани лекови